• среда, 23 октомври 2024

Куманово го продолжи рокот на јавниот повик за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации

Куманово го продолжи рокот на јавниот повик за прибирање предлог-проекти за организирање на културни манифестации

Куманово, 22 октомври 2024 (МИА) - Општина Куманово за дополнителни петнаесет дена го продолжи рокот за поднесување предлог проекти за организирање на културни манифестации во општина Куманово за наредната година, информираа денеска од секторот за култура. Рокот за поднесување ќе трае со 5 ноември, годинава.

На повикот може да се пријават јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално-хуманитарна дејност. Подносителите може да достават еден или повеќе предлог-проекти.

Заинтересираните треба да се регистрирани како јавна установа, здружение на граѓани, фондација и други правни лица, да придонесуваат за збогатување на културниот живот во општината, да се залагаат за зачувување и афирмирање на материјалното и духовното културно наследство на општина Куманово, да го поттикнуваат и афирмираат локалното творештво на локалните уметници, да се грижат за унапредување на соживотот меѓу заедниците и да обезбедат континуитет на традиционалните културно-уметнички манифестации кои се од локален карактер.

Барањата со потребната документација треба да се достават во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Куманово, одделение за култура и спорт, за јавен повик од областа на културата“. ам/цр


Фото: МИА

Остани поврзан