Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
- Јавното сообраќајно претпријатие ги известува граѓаните дека автобусите од јавниот превоз денеска сообраќаат по неделен возен ред поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба.

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) – Јавното сообраќајно претпријатие ги известува граѓаните дека автобусите од јавниот превоз денеска сообраќаат по неделен возен ред поради државниот празник 23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба.
Дежурни од 8 до 14 часот ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар, Ѓорче Петров и Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-18 часот, при што од 17-17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу. ар/нд/
Фото: МИА архива