• среда, 27 ноември 2024

Куба разоткри руски синџир на трговија со луѓе за нивно испраќање на фронтот во Украина

Куба разоткри руски синџир на трговија со луѓе за нивно испраќање на фронтот во Украина

Хавана, 5 септември 2023 (МИА) - Куба откри синџир на трговија со луѓе во кој нејзини граѓани се принудувани да се борат за Русија во војната во Украина, соопшти денеска кубанското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека властите во Хавана работат на „неутрализирање и разбивање“ на мрежата.

Во соопштението на кубанското Министерство се наведуваат само неколку детали, но се нагласува дека синџирот на трговија со луѓе функционира и во рамките на таа карипска островска држава, илјадници километри оддалечена од Москва, но и во рамките на Русија.

„Министерството за внатрешни работи работи на неутрализирање и разбивање на мрежата за трговија со луѓе што оперира од Русија за да вклучи кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од Куба, во воените сили кои учествуваат во воените операции во Украина“, се вели во соопштението на кубанската влада. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан