Кубанскиот претседател Дијаз-Канел ја осуди одлуката на Трамп во затворот Гвантанамо да бидат сместени мигранти
- Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп во затворот Гвантанамо да подготви центар за притвор за мигранти.
Хавана, 30 јануари 2025 (МИА) - Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп во затворот Гвантанамо да подготви центар за притвор за мигранти.
„Во брутален чин, новата американска влада објавува дека ќе затвори илјадници мигранти во поморската база во Гвантанамо, лоцирана на нелегално окупирана кубанска територија, и присилно ќе ги смести до добро познатите затворите за тортура и илегален притвор“, напиша Дијаз-Канел на платформата Икс.
Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез Парила изјави дека базата Гвантанамо се наоѓа на нелегално окупирана кубанска територија која е надвор од јурисдикцијата на американските судови, како и дека тоа покажува непочитување на човековите права и меѓународните прописи, објави „Гардијан“. рп/
Фото: МИА архива