Кривична против едно лице од Србија поради фалсификување исправа
- Регионалниот центар за гранични работи – Југ до Основното јавно обвинителство во Гевгелија вчера поднесе кривична пријава против Р.Р. (39) од Прешево, Република Србија поради постоење основи
Скопје, 30 јануари 2021 (МИА) - Регионалниот центар за гранични работи – Југ до Основното јавно обвинителство во Гевгелија вчера поднесе кривична пријава против Р.Р. (39) од Прешево, Република Србија поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“. При контрола на сообраќајна полиција било откриено дека тој управува патничко возило марка „фолксваген голф“ со регистарски ознаки од возило марка „форд галакси“.
Како што соопшти денеска МВР, истиот ден во 06.00 часот на автопатот „Пријателство“, кај клучка Смоквица, при вршење контрола на патници и возила од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“, бил запрен пријавениот Р.Р., кој управувал патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки.
При проверка на возилото било констатирано дека регистарските таблички кои ги користел за возилото потекнуваат од патничко возило „форд галакси“, во сопственост на Л.Д. од Велес. Р.Р. бил лишен од слобода, а од Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија му е изречена мерка притвор.
Од МВР дополнуваат дека возилото било одземено и сместено во кругот на Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.бт/сст/