• понеделник, 24 март 2025

Кривична пријава за скопјанец, без возачка дозвола возел над 100км/час 

Кривична пријава за скопјанец, без возачка дозвола возел над 100км/час 

Скопје, 23 март 2025 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера во 12.48 часот на бул.„Александар Македонски” во Скопје сопреле патничко возило „фолксваген голф”, управувано од М.Е., затоа што го управувал возилото со брзина од 104 км на час во населено место каде дозволена брзина е 50 км на час.

МВР денеска соопшти дека покрај тоа, М.Е. го управувал возилото без важечка возачка дозвола. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297 а од КЗ - „безобѕирно управување со моторно возило”. цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан