
24 март 2025
Радовиш - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на реконструкција и пренамена на стоковната куќа во современ мултифункционален центар и музеј во Општина Радовиш, по што е предвидена изјава за медиуми. (11:30)
Скопје - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе одржи тематска прес-конференција, по повод префрлањето на средствата од претфинасисрањето во рамките на Инструментот за реформи и раст, како и за Годишниот извештај за имплементацијата на Реформската агенда 2024 – 2027. (Медија-центар на Влада/10:30)
Скопје - Републичкиот Црвен крст на прес-конференција ќе информира за преземаните активности за поддршка на настраданите од пожарот во Кочани и начинот на исплата на финансиска поддршка од собраните донации на семејствата на загинатите и повредените. (Црвен крст на РСМ, бул. „Кочо Рацин„ број 13, Скопје/11:00)
Скопје - Почнува 20. Саем за вработување и кариера - Job Fair 2025, во организација на Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – Скопје.
_________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***