• понеделник, 23 декември 2024

Кривична пријава за женско лице од Демир Капија за „изнуда“ на пари

Кривична пријава за женско лице од Демир Капија за „изнуда“ на пари

Скопје, 21 јули 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Скопје поднесе кривична пријава против 31 годишно женско лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“, која во повеќе наврати се заканувала на 45 годишно лице од Скопје и изнудила да и исплати над 60 илјади денари. 

- СВР Скопје поднесен кривична пријава против М.С.(31) од Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека во повеќе наврати упатила закани кон Г.Р.(45) од Скопје и од него изнудила да ѝ исплати над 60.000 денари, велат од МВР.

М.С. е приведена и во координација со јавен обвинител против неа е поднесена пријавата, додека од судија на претходна постапка ѝ била определена мерка притвор во траење од 30 дена.хс/са/

Остани поврзан