• понеделник, 16 декември 2024

Крива Паланка блесна во новогодишен сјај

Крива Паланка блесна во новогодишен сјај

Крива Паланка, 6 декември 2024 (МИА) - Крива Паланка блесна во новогодишен сјај со новогодишни елки на двата плоштада, „Карпошово востание" пред зградата на општината и на централниот градски плоштад каде што се поставени и бројни декоративни елементи и форми што ја донесоа предновогодишната магија во „Градот на културата за 2024".

-Крива Паланка блесна, раскошно накитена и украсена, сјае во празничен декор од илјадници светилки и ја носи празничната магија во срцата на паланчани. Никој не остана рамнодушен на блескавата предновогодишна атмосфера за која веќе се шири и раскажува насекаде. Украсувањето предновогодишно е како посебен подарок, иако секоја година градот го украсуваме, за да ги радуваме граѓаните во пресрет на празнувањата, но и за сите што повторно со нетрпение очекуваат да го посетат најубаво украсениот град во државата, а годинава и „Град на културата за 2024"., информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Украсени се централната градска улица, влезот и излезот на градот, камнделабрите и останати посебности покрај магистралниот пат А2, Градечки мост и други делови од централното градско подрачје.

Крива Паланка се подготвува за новогодишниот базар што исто така ќе понуди и привлече голем број туристи и посетители во градот.ид/са/

Фото Општина Крива Паланка 

Остани поврзан