Костенко: САД прекинаа да испорачуваат оружје за украинската армија
- Претседателот на Комисијата за одбрана на украинскиот Парламент, Роман Костенко изјави дека САД престанале да испорачуваат оружје на украинската армија

Киев, 21 февруари 2025 (МИА) – Претседателот на Комисијата за одбрана на украинскиот Парламент, Роман Костенко изјави дека САД престанале да испорачуваат оружје на украинската армија.
- Според мои информации, оружјето што требаше да биде продадено повеќе не се испорачува. Компаниите што требаше да го префрлат оружјето сега чекаат, бидејќи нема одлука. И сите чекаат да видат каква дали ќе се донесе одлука, барем да се достави оружје за пари, наведе Костенко.
Освен Костенко, ниту еден друг украински функционер не се огласил по ова прашање. ми/
фото: Икс