• петок, 08 ноември 2024

Концерт на дувачкиот квинтет на ансамблот „КонТемпора“

Концерт на дувачкиот квинтет на ансамблот „КонТемпора“
Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) -  Дувачкиот квинтет на Ансамблот за современа музика „КонТемпора“ вечер од 20 часот ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба, на кој ќе гостува  пијанистката Огненка Герасимовска-Димитровска. Квинтетот ќе настапи во состав: Златка Митева - флејта, Владимир Лазаревски - обоа, Игор Иванов - кларинет, Горан Јанев - хорна и Марјан Милошевски - фагот. На програмата се камерни дела од македонските автори Љубомир Бранѓолица, Стојан Стојков, Валентина Велковска-Трајановска и Вулнет Таири, од бугарскиот композитор Марин Големинов, а посебен акцент во програмата е ставен на грчката композиторка Георгиа Калодики од чиешто творештво квинтетот ќе изведе три композиции. Концертoт е дел од проектот на Сојузот на композиторите – СОКОМ насловен „Европски и балкански музички мисли“ и е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Град Скопје и Министерството за култура. свс/хс/

Остани поврзан