• понеделник, 23 декември 2024

Конан О’Брајан потсети на добрината на Робин Вилијамс

Конан О’Брајан потсети на добрината на Робин Вилијамс

Лос Анџелес, 18 ноември 2024 (МИА) - Конан О'Брајан се потсети на љубезноста и добрината на починатиот глумец Робин Вилијамс. Имено, тој му се јавил на американскиот водител за да се увери дека тој е добро по неговото познато исфрлање од емисијата „Тунајт шоу“ (The ​​Tonight Show).

- Имав среќа да имам одличен однос и дружење со Робин Вилијамс пред тој да почине. А, еден од најнезаборавните примери за мене е кога го доживував целиот мој дебакл на „Тунајт шоу“. Конечно, „претставата е завршена“ и не знаев дали ќе имам кариера. Што ќе правам следно? Лежам на подот во дневната соба од мојата куќа, телефонот ми ѕвони и - тоа е Робин Вилијамс... Едноставно не можев да верувам дека тој мислел на мене, раскажува О'Брајан.

Негов гостин, пак, во скорешната негова интернет-емисија, беше британскиот комичар Ерик Ајдл.

- И, од телефонот слушам, Вилијамс прашува: „Како се држиш, шефе? ...Ќе бидеш добро, ќе бидеш одличен“, додаде О'Брајан.

Потоа следело изненадување: Вилијамс, кој се занимаваше со возење велосипед и знаеше дека О'Брајан, исто така, сака велосипеди, го повика на заедничко возење до продавница за велосипеди во Санта Моника, за да го подигнат новото возило на две тркала „обоено во ирските бои“, како што порачал глумецот.

Неговото сеќавање на љубезноста на Вилијамс дојде откако Ајдл сподели како Вилијамс го научил како да биде добар со обожавателите, како позната личност.

- Јас само ќе им кажев: „Е**те се“, па тие ќе се насмеат и ќе си заминат, знаеш... И тоа стана вообичаено. Потоа го видов Робин и неговата љубезност, па сфатив дека тоа е важен миг во нечиј живот - голем миг што тие го чекаат - те сакаат, го сакаат овој миг. Значи, ако се однесуваш „г**нарски“ или омаловажувачки, тоа е грозен спомен (за обожавателот), нагласи комичарот.

Конан О'Брајан помпезно го наследи Џеј Лено како водител на „Тунајт шоу“ во 2009 година, но по само седум месеци, исто толку „помпезно“ е отпуштен од ТВ-куќата „Ен-би-си“. Робин Вилијамс почина во 2014 година.  си/

Фото: 

Остани поврзан