• петок, 26 јули 2024

„Комуналец” Неготино апелира за рационално користење на водата за пиење

„Комуналец” Неготино апелира за рационално користење на водата за пиење
Неготино, 12 ноември 2021 (МИА) - Јавното претпријатие „Комуналец“ Неготино денеска апелираше за рационално користење на водата за пиење. - Ги известуваме граѓаните дека утре ќе се изведуваат градежни работи на главната доводна водоводна линија. Поради тоа, може да се јави прекин во водоснабдувањето од 10 часот. Во тој случај, вода за пиење ќе нема, до санирање на дефектот. Молиме за рационално користење на водата, нагласија оттаму. свд/мс/

Остани поврзан