Ковачевски ќе се обрати на конференција „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“
- Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Скопје ќе се обрати на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“, организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Скопје, 12 декември 2023 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Скопје ќе се обрати на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“, организирана од Институтот за комуникациски студии (ИКС).
Како што најавија организаторите, на конференцијата ќе бидат понудени нови перспективи и пристапи за зголемување на довербата во владините институции, со фокус на транспарентноста и отчетноста во владеењето на правото и корупцијата.
-Транспарентноста и отчетноста на Владата се од клучно значење за довербата на граѓаните во нејзиното работење. Кога граѓаните чувствуваат поблиска интеракција и поврзаност со институциите, довербата има тенденција да расте. Во спротивно, кога транспарентноста е еродирана и постојат сомневања за одговорноста на институциите, тоа води кон нивно делегитимирање и намалување на јавната доверба, соопштија од ИКС.
Освен Ковачевски, обраќање на конференцијата ќе има и Метју Лосон, амбасадорот на Обединето Кралство во земјава. Говорници од земјава и странство ќе дискутираат за одговорноста на владините институции кога нетранспарентноста и неотчетноста сигнализираат корупција и за проактивноста на обвинителството и судството во откривањето и кривичното гонење на таквите практики.
Конференцијата е организирана во рамките на проектот „Користи факти“, што е поддржан од Британската амбасада во Скопје.бт/мд/
Фото/МИА Архива