• четврток, 14 ноември 2024

Ковачевски по повод 80 години од депортацијата на Евреите: Никогаш да не се повтори и да не дозволиме каков било облик на нетолеранција, антисемитизам и фашизам

Ковачевски по повод 80 години од депортацијата на Евреите: Никогаш да не се повтори и да не дозволиме каков било облик на нетолеранција, антисемитизам и фашизам

Скопје, 11 март 2023 (МИА) - Никогаш не смее да се повтори ужасното зло од 11 март 1943 година, кога започнува депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка, порача премиерот Димитар Ковачевски, на неговиот фејсбук профил по повод одбележувањето на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во логорот на смртта во Треблинка.

-Згаснатите животи на 7.144 деца, жени и мажи Евреи од нашата држава, меѓу трагичната загуба на над шесте милиони Евреи кои злосторнички се убиени во нацистичките логори низ светот, ќе остана засекогаш вклучен аларм за човештвото. Не смееме да дозволиме каков било облик на нетолеранција, антисемитизам, фашизам, се наведува во постот на фб.

Воедно, се додава дека, денес, кога светот се соочува со современи форми на агресија, исклучување, говор на омраза, поттикнати од национални, етнички, верски различности и неправедни наметнувања на едни народи и држави над други – сите сме повикани да бидеме гласни во осудата на овие недемократски пракси во 21 век.

-Северна Македонија, отсекогаш била – и денес е на вистинската страна на историјата и со изградбата на Едно општество за сите, продолжува да биде успешен модел за одржување и унапредување на еднаквоста, мирот и стабилноста во Европа и во светот, стои на фејбук статусот на премиерот Ковачевски. вг/вј/

 

Фото: Димитар Ковачевски фб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан