• среда, 27 ноември 2024

Заврши првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Заврши првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) – Заврши првиот ден од расправата во собраниската Комисија за финансирање и буџет за Предлог-буџетот за 2025 година. Расправата по Предлог-буџетот во Комисијата за финансирање и буџет трае 10 дена и продолжува утре во 12 часот, по што како Дополнет предлог се испраќа на разгледување и усвојување на пленарна седница на Собранието.

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Миле Лефков, во попладневниот дел од комисиската расправа, истакна дека предлог буџетот претставува предлог стратегија која има за цел да обезбеди стабилност, раст, прогрес, како и дека предлог буџетот претставува стратегија која треба да обезбеди намалување на буџетскиот дефицит, ефикасно прибирање средства, но и ефикасно трошење.

-Треба да биде развоен и претставува развоен документ со соодветна социјална компонента. Важно е за еден буџет да имаме правилно проектирани, соодветно планирана приходна страна и соодветно планирана расходна страна. И како вовед добро е да се каже уште веднаш дека за следната фискална 2025 во предлог буџетот на страна на буџетски приходи е планирано да се постигне 358,8 милијарди денари наплата, која би значела приближно 13% раст во споредба со усвоениот ребаланс на буџетот за 2024 година и истиот би изнесувал 40,7 милијарди денари повеќе средства“ рече Лефков.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во попладневниот дел од комисиската расправа, порача дека страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 посто, најголем досега во историјата.

- Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 посто, за да сега на 31 декември, ќе имаме 66 посто јавен долг, а ако на тоа ги додадеме неизмерените обврски од единците за локална самоуправа, доаѓаме на јавен долг од 70,8 посто. Еве, држете ме за збор и на 15 јануари ќе зборуваме дали е тоа така или не. Никогаш во историјата на Македонија не сме имале толкав јавен долг. И тоа е страшно, за државата, рече Битиќи.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во нејзиното обраќање пред пратениците на почетокот од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, нагласи дека Предлог-буџетот за 2025 година се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции и обезбедува непречено функционирање на институциите на државата и редовно сервисирање на обврските.

null

Според Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот е развоен со социјална компонента, во кој дополнителна карактеристика е тоа што трендот на раст на расходите е понизок од трендот на раст на приходите, односно приходите се зголемени за 13 проценти, а расходите за 10 проценти во однос на 2024 година, што придонесува кон консолидација и намалување на буџетскиот дефицит за околу 3,3 милијарди денари.

- Ова е прв буџет којшто го предлагам како министер за финансии и прв буџет на оваа Влада. Зад бројките стои нов концепт. Бројки кои покажуваат борба со сивата економија, борба со криминалот, бројки кои ќе донесат повисоки стапки на економски раст и одржливост на долг рок. Фискалната политика за 2025 година е во функција на натамошна консолидација, реструктуирање и оптимизирање на јавните приходи и расходи со намалување на нивото на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и поттикнување на економската активност преку реализирани инфраструктурните расходи. Очекуваните резултати се во остварување повисоки стапки на економски раст, повисоки плати, подобар стандард за пензионерите, подобри услови за живот преку реализација на општинските проекти и инфрструктурните проекти, а сето тоа ќе биде поттикнато и од спроведување на реформите со поддршка на Планот за раст за Западен Балкан, рече Димитриеска-Кочоска. 

Инфлацијата се очекува да се намали на ниво од 2,2 проценти, како резултат на стабилизирањето на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите на меѓународниот пазар, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и поумерениот притисок од базичната инфлација. Очекувањата се дека позитивните макроекономски движења ќе продолжат и во 2025 година и економскиот раст ќе забрза на 3,7 проценти како резултат на позначителениот раст на инвестициите, солидното зголемување на потрошувачката и закрепнувањето на надворешната побарувачка.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиoни денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП.

Опозицијата денеска на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година оцени дека се работи за безидеен буџет кој ќе генерира нови долгови и ќе имаме уште една изгубена година на економски план. 

Лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата. Во Предлог-буџетот, според Филипче, има проектирано нереални високи стапки за економскиот раст кои не се ништо друго освен изговор за планираната зголемена буџетска дупка и нови задолжувања. Според лидерот на СДСМ, од ветувањата на Владата, нема ништо.

Opozita sot në ditën e parë të debatit të komisionit për Propozim buxhetin për vitin 2025 vlerësoi se bëhet fjalë për buxhet të sigurt, i cili do të gjenerojë borxhe të reja dhe do të kemi ed

- Владата предвидува раст на БДП од 3,7 проценти за 2025 година. Народната банка го проектираше растот на 3,3 проценти, а Светската банка е уште попесимистична со 2,5 проценти. Буџетскиот дефицит е поставен на 4 проценти од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. И ова мора да биде јасно, таквиот пристап не значи развој. Тоа значи дека Владата планира да троши повеќе отколку што заработува. И кој ќе го враќа тој долг? Ќе ги зголемиме ли даноците? Ќе ги скратиме ли јавните услуги? Ќе се задолжуваме?, праша Филипче.

Според Филипче, во Предлог-буџетот нема развојни проекти, се води нефер политика со домашните компании и нема никаква визија за енергетската независност на државата. 

Комисиската расправа, според новиот Деловник, би можела да трае до 30 ноември по што Предлог-буџетот треба да биде донесен на пленарна седница. Претседателот на Собранието Африм Гаши во интервју за МИА соопшти дека во втората половина на декември се очекува Предлог-буџетот да се најде на пленарна седница. 

Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември. аа/мч/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан