Коалиција „Влен“: Застанавме на страната на граѓаните, Владата кажа „стоп“ за покачувањето на цената на струјата
- СООПШТЕНИЕ - ВЛЕН застанува на страната на граѓаните. Нашата заедничка Влада и парламентарното мнозинство кажа СТОП на покачувањето на цената на струјата за малите потрошувачи и домаќинствата.
Скопје, 28 јуни 2024
ВЛЕН застанува на страната на граѓаните. Нашата заедничка Влада и парламентарното мнозинство кажа СТОП на покачувањето на цената на струјата за малите потрошувачи и домаќинствата.
Покажавме дека може и поинаку. Сценариото на ДУИ за оставање во наследство ценовен шок за создавање незадоволство кај граѓаните за новата Влада не успеа. Затоа што ВЛЕН е домаќинска партија која му служи на народот.
Денес, на првата владина седница уште добри вести. Пензионерите ќе го добијат ветеното линеарно покачување, затоа што заслужуваат достоинствени пензии. Посветено работиме за општото добро.
Коалиција „Влен“/ БЕСА
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.