• петок, 05 декември 2025

КК Пелистер во Бугарија ќе го игра квалификацискиот турнир од ФИБА Лигата на шампионите

КК Пелистер во Бугарија ќе го игра квалификацискиот турнир од ФИБА Лигата на шампионите

Битола, 10.јули 2025 (МИА) - Македонскиот претставник во ФИБА Лигата на шампионите Пелистер од Битола натпреварите од квалификациониот турнир во ова натпреварување ќе ги игра во бугарскиот град Самоков. 

Битолчнаи во четвртфиналето на 19.септември играат против големиот фаворит Реџо Емилија од Италија. Со евентуален триумф во следната рунда полуфиналето противник ќе им биде победникот од мечот Орадеа (Романија) – Јувентус (Литванија).

Победникот од овој натпревар го очекува уште еден дуел, финалето против најуспешниот тим од другиот дел на костурот, каде играат: ПАОК, СЦ Дерби, Бурса и Браушвајнг.    мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан