• понеделник, 23 декември 2024

Кирби: САД истражуваат за наводна употреба на американски воени возила во нападот на руска територија 

Кирби: САД истражуваат за наводна употреба на американски воени возила во нападот на руска територија 

Вашингтон, 25 мај 2024 (МИА) - Вашингтон ги разгледува извештаите за тоа дека американски борбени возила биле употребени од Украина во Русија, изјави денеска Џон Кирби, советник за стратешки комуникации во Белата куќа. 

На брифинг за новинарите тој истакна дека САД јасно му ставија до знаење на Киев дека не подржуваат каква и да било употреба на опрема произведена во САД за такви цели. 

Ова доаѓа откако Кремљ изјави дека употребата на американска воена опрема од страна на проукраинските борци кои неделава извршија вооружен напад во рускиот пограничен регион во близина на Белгород е доказ за сѐ поголемата вклученост на западот во конфликтот во Украина.  

Руски воени лица синоќа изјавија дека наводно ги пронашле милитантите кои го нападнале регионот на Белгород со оклопни возила, и дека убиле повеќе од 70 „украински националисти“, а дека останатите избегале назад. кб/ сд/

Остани поврзан