• петок, 17 јануари 2025

Кинескиот вицепремиер Хан Женг ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на Трамп

Кинескиот вицепремиер Хан Женг ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на Трамп

Пекинг, 17 јануари 2025 (МИА) - На покана од американската страна, специјалниот претставник на претседателот Си Џинпинг, потпретседателот Хан Женг, ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на претседателот Доналд Трамп на 20 јануари во Вашингтон, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Кина ги следи принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и заемно корисна соработка кога станува збор за нејзините односи со Соединетите држави, рече портпаролот

-Подготвени сме да работиме со новата американска администрација за да го зајакнеме дијалогот и комуникацијата, да ги решиме разликите, да ја прошириме заемно корисната соработка, заеднички да се стремиме кон стабилни, здрави и одржливи односи меѓу Кина и САД и да го најдеме вистинскиот начин за двете страни да се разбираат, додаде портпаролот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан