• понеделник, 03 март 2025

Кина подготвува одговор на новите американски царини

Кина подготвува одговор на новите американски царини

Пекинг, 3 март 2025 (МИА) – Кина подготвува контрамерки за да се спротивстави на новите царини воведени од САД, зголемувајќи го влогот во ескалацијата на трговската војна помеѓу двете најголеми економии во светот, објави кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела и се закани на Кина со дополнителни 10 отсто царини, кои треба да стапат во сила утре, со што кумулативните царини ќе достигнат 20 отсто. Покрај тоа, тој го обвини Пекинг дека не прави доволно за да го спречи шверцот на фентанилот во САД, што Кина го опиша како „обид за уцена“.

Кина проучува и формулира контрамерки за да одговори на заканата од САД за воведување дополнителни 10 отсто царини за кинески производи под изговор за спречување на шверцот со фентанил, објави „Глобал тајмс“ повикувајќи се на неименуван извор.

Контрамерките најверојатно ќе вклучуваат царини и низа други мерки, а списокот најверојатно ќе вклучува земјоделски и прехранбени производи

По најавата на американскиот претседател, Пекинг имаше помалку од една недела да смисли контрамерки или да постигне договор. Според аналитичарите, Пекинг сè уште се надева на преговори со администрацијата на Трамп.

Кина е најголем пазар за американските земјоделски производи и покрај падот на увозот по 2018 година, кога Пекинг воведе царини од 25 проценти на сојата, говедското и свинското месо, пченица, пченка и сиракот во 2018 година, како реципрочна мерка на царините наметнати од Трамп за кинеските производи.

Кина во 2004 година увезе американски земјоделски производи во вредност од 29,25 милијарди долари. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан