• четврток, 07 ноември 2024

Кина најави санкции против американските компании кои извезуваат оружје во Тајван

Кина најави санкции против американските компании кои извезуваат оружје во Тајван

Пекинг, 18 септември 2024 (МИА) - Кинеското Министерство за надворешни работи денеска објави санкции против американски компании кои извезуваат оружје во Тајван, објавија локалните медиуми.

Кинеското Министерство за надворешни работи не ги наведе имињата на компаниите вклучени во извозот.

Тајван чека испорака на авиони Ф-16, тенкови М1 Абрамс и неколку проектили од САД, пренесе Бета.

И покрај недостатокот на формални дипломатски врски, САД долго време беа главниот снабдувач со оружје на островот.

Кина претходно побара од американските компании да ја прекинат соработката со вооружените сили на Тајван, но без видлив ефект.

Заедно со купувањето оружје од САД, Тајван ја оживува домашната индустрија за оружје со производство на подморници.

Официјален Пекинг го смета Тајван за своја територија и се заканува дека ќе го анектира.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан