Кина воведува санкции за американски воени компании за продажба на оружје на Тајван
- Кина одлучи да воведе санкции за 13 американски воени компании и нивните раководители, кои ќе стапат на сила денеска, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Пекинг, 5 декември 2024 (МИА) - Кина одлучи да воведе санкции за 13 американски воени компании и нивните раководители, кои ќе стапат на сила денеска, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Санкциите на американските воени фирми беа воведени како одговор на американската продажба на оружје на Тајван, за која Пекинг вели дека го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина, се вели во соопштението.
Меѓу компаниите кои се цел на санкциите се „Teledine Brown Engineering Inc“, „BRINC Drones Inc“ и „Shield AI Inc“, се вели во соопштението на кинеското Министерство. мс/
фото: МИА архива