• петок, 26 јули 2024

Киеза ќе го пропушти дербито со Наполи

Киеза ќе го пропушти дербито со Наполи
Торино, 10 септември 2021 (МИА) - Јувентус објави дека напаѓачот Федерико Киеза поради повреда ќе го пропушти натпреварот од 3. коло во Серија А против Наполи. Фудбалерот се повреди додека беше во италијанската репрезентација во септемврискиот квалификациски циклус за СП 2022. По лекарскиот преглед, кај фудбалерот не беше констатирана сериозно повредена, но сепак ќе го пропушти саботниот натпревар. Исто така, Пауло Дибала, Данило, Алекс Сандро, Родриго Бентанкур и Хуан Куадрадо нема да учествуваат во дербито. Натпреварот Наполи - Јувентус ќе се одигра утре од 18 часот. зс/

Остани поврзан