• понеделник, 23 декември 2024

Киеза пред заминување од Јувентус

Киеза пред заминување од Јувентус

Торино, 3 август 2024 (МИА) - Федерико Киеза е на излезната врата од Јувентус. Еден од најдобрите фудбалери на тој тим веќе не влегува во конкуренција за настап на натпревари.

Новиот тренер Тиаго Мота не го повика Киеза за пријателскиот натпревар со Брест, покажувајќи дека тој не му е во плановите. Најголемата ѕвезда на тимот се чини дека ја завршил својата мисија кај „бјанконерите“.

Долго време се зборува за заминување на Киеза во Наполи или Рома, но целиот трансфер се уште е во мрак бидејќи ништо не е договорено. Сепак, во Торино процениле дека не им треба 26-годишниот крилен напаѓач, со кога не планира да потпише нов договор.

Бидејќи неговите обврски кон „старата дама“ продолжуваат уште една година, јасно е дека Јуве сака да се раздели летово и да заработи на него. Тоа ќе биде некаде помеѓу 20 и 25 милиони евра, колку што бара.

Тоа се премногу пари за Наполи и Рома, но не и за Челси и Тотенхем, каде што агентот на Киеза, Фали Рамадани замина со цел да ги убеди да потпишат со неговиот клиент.

Дотогаш Киеза нема да биде во конкуренција меѓу 22 фудбалери на Јувентус. дс

Фото: Архива

Остани поврзан