• петок, 26 јули 2024

Киеза веќе е дел од Јувентус

Киеза веќе е дел од Јувентус
Торино, 5 октомври 2020 (МИА) - Шампионот во Серија „А“, Јувентус се засили со репрезентативецот Федерико Киеза. Договорот го потврди сегашниот тим на фудбалерот, Фиорентина. Напаѓачот се префрла кај „бјанконерите“ со закуп на две сезони и задолжителна откупна клаузула потоа. За двете години од трансферот, Јувентус ќе плати вкупно 10 милиони евра (2 + 8 милиони), а потоа ќе додаде 40 милиони за постојан трансфер. Одделно, 10 милиони евра се утврдени како клаузули. Ова значи дека Киеза може да го чини тимот од Торино 60 милиони евра. На негово место, „виолетовите“ го привлекоа Хозе Кајехон. Претходно денес, Киеза беше подложен на медицински прегледи во Фиренца. На излегување од клиниката, тој беше вербално нападнат од приврзаниците на Фиорентина, незадоволни од неговиот избор.

Тагови

Остани поврзан