• сабота, 23 ноември 2024

Киан: Да бев во Јунајтед, Мегваер и Де Хеа немаше да се качат во автобусот

Киан: Да бев во Јунајтед, Мегваер и Де Хеа немаше да се качат во автобусот
Лондон, 20 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, не го криеше својот гнев по ремито 1:1 помеѓу „црвените ѓаволи“ и Тотенхем во Лондон. Ирецот по мечот остро ги нападна Давид Де Хеа и Хари Мегваер и ги доведе во прашање нивните квалитети да играат за овој клуб. - Ми се повраќа од овој голман. Ако сега бев фудбалер, ќе се степав со него во соблекувалната. Тој е најпреценетиот голман што сум го видел, а тој исто така е репрезентативец на Шпанија. Ако бев на местото на Оле ќе направев неколку промени во паузата, рече Кин. Ирецот не го поштеди ниту капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер. - Тотенхем е добар тим и играше компактно, но Мегваер и Де Хеа немаше да ги пуштам во автобусот по мечот. Нека се вратат со такси во Манчестер. Двајцата мораа да го напуштат теренот со главата надолу. Се борат за топ 4, а не да ја освојат лигата. Не знам кога тоа ќе се случи повторно, додаде поранешниот капитен на„ црвените ѓаволи “.

Остани поврзан