• вторник, 24 декември 2024

Кер: Oфанзивни скокови на Сакраменто и слободните фрлања на Монк се главните причини поради кои загубивме

Кер: Oфанзивни скокови на Сакраменто и слободните фрлања на Монк се главните причини поради кои загубивме

Сакраменто, 16 април 2023 (МИА) - Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер ги наведе двете главни причини за поразот (123:126) од Сакраменто во првиот натпревар од НБА плејоф серијата.

 

- Да, упативме неколку лоши шутеви, но мислам дека тоа не беше проблемот. Секогаш играме агресивно и често шутираме брзо, тоа е дел од нашиот стил и тоа е во ред. Имаме одлични шутери, верувам во овие момци. Проблемот беше офанзивниот скок, „кралевите“ имаа 17. Многу од нив направија во второто полувреме кога бевме 10 поени предност. Ова им овозможи да направат пресврт. Според мене, тие постигнаа неколку поени по офанзивните скокови. Малик Монк реализираше 14 слободни фрлања, ова е исто така важна причина за нашиот пораз, истакна Кер.

 

Вториот натпревар од серијата меѓу овие две екипи ќе се на 18 април исто така во Сакраменто. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан