• понеделник, 16 декември 2024

Кац: Ќе го запреме Иран со сила ако се обиде да прошверцува оружје во Либан

Кац: Ќе го запреме Иран со сила ако се обиде да прошверцува оружје во Либан

Ерусалим, 28 ноември 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денела за време на разговорот со неговиот британски колега Џон Хили изјави дека Израел насилно ќе го спречи Иран доколку таа земја се обиде да прошверцува оружје во Либан.

Тој посочи дека Иран наводно се обидува да воспостави нови фронтови против Израел, пишува „Тајмс оф Израел“.

Израелската војска потврди дека утринава извршила напад во јужен Либан, кој го опиша како „предупредувачки напад“, и покрај тоа што вчера стапи на сила прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах.

Либанските медиуми јавија дека во нападот се повредени најмалку две лица, додека Израел најави дека ќе преземе соодветни мерки против секое прекршување на примирјето. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан