• сабота, 20 декември 2025

Најмалку 30 Палестинци убиени денеска во Газа

Најмалку 30 Палестинци убиени денеска во Газа

Газа, 23 јуни 2025 (МИА) - Најмалку 30 Палестинци се убиени во израелските воени операции од утрово, објавува Ал Џезира.

Во еден напад, пет члена на едно семејство се убиени во северозападниот дел од градот Газа, додека 13 лица се примени во болницата Ал-Шифа со сериозни повреди.

Гладни луѓе се собрале околу центрите за дистрибуција на храна во Рафа или во коридорот Нецарим.

Тринаесет лица беа убиени денеска додека барале помош.

Нецарим е изграден од израелските сили на местото на некогашната палестинска населба со огромно земјоделско земјиште.

-Сега е поле од урнатини за израелскиот „безбедносен коридор“, објавува Ал Џезира. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан