• среда, 27 ноември 2024

„Катимерини“: Христодулидис му го претставил на Бајден планот на Кипар за евентуално членство во НАТО

„Катимерини“: Христодулидис му го претставил на Бајден планот на Кипар за евентуално членство во НАТО

Никозија, 26 ноември 2024 (МИА) – Теоретските и практичните аспекти на планот за евентуално членство на Република Кипар во НАТО, кога тоа ќе го дозволат политичките услови, му ги претставил кипарскиот претседател Никос Христодулидис на неговиот американски колега Џо Бајден на нивната средба минатиот месец, пишува весникот „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на весникот, кипарскиот план е „детален, добро осмислен, и долгорочен, составен од многу меѓузависни фази и е веќе прифатен од Вашингтон“, а главната цел е институционализирање на односите на Кипар со НАТО.

Република Кипар побарала од САД да се исполнат три главни стратешки цели: можноста за набавка на одбранбена опрема од Вашингтон; дополнителна надградба на полето на заедничката обука на припадниците на кипарската национална гарда во воените академии на САД, а третото кипарско барање, според „Катимерини“ е одлучувачки придонес на САД во постепената модернизација на одбранбените капацитети и на воените сили, објектите и средствата на Кипар според стандардите на НАТО. ср/ссм/

Остани поврзан