• четврток, 30 јануари 2025

Катар и САД разговараат за заедничките напори за посредување во Газа

Катар и САД разговараат за заедничките напори за посредување во Газа

Доха, 28 јануари 2025 (МИА) - Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани денеска телефонски разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио за продолжување на нивните заеднички напори за посредување во Појасот Газа, соопшти катарското Министерство за надворешни работи.

„Двајцата изразија надеж дека договорот за прекин на огнот ќе ја достигне својата втора фаза и ќе стане трајно примирје“, се додава во соопштението на МНР на Катар. паг/


 

 

Остани поврзан