• понеделник, 23 декември 2024

Кари не играше против Оклахома поради проблеми со коленото

Кари не играше против Оклахома поради проблеми со коленото

Сан Франциско, 28 ноември 2024 (МИА) – Плејмејкерот на Голден Стејт, Стеф Кари, го пропушти натпреварот од НБА лигата против Оклахома (101:105).

Според американските медиуми, 36-годишниот Американец не настапи поради болки во коленото. Тој го пропушти вториот натпревар оваа сезона.

Оваа сезона Кари играше на 14 натпревари во НБА, со просек од 22,4 поени, 5,4 скока и 6,5 асистенции.

Со 12 победи и шест порази Голден стејт вориорс се наоѓаат на 3. место во Западната конференција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан