Кандидатот за шеф на Интерпол е осомничен за киднапирање и обид за изнуда на двајца бизнисмени
- Кандидатот за иден шеф на Интерпол, Мубит Нава од Замбија, е обвинет за вмешаност во киднапирање, приведување, напад и обид за изнуда на двајца индиски бизнисмени.

Лион, 24 јуни 2024 (МИА) - Кандидатот за иден шеф на Интерпол, Мубит Нава од Замбија, е обвинет за вмешаност во киднапирање, приведување, напад и обид за изнуда на двајца индиски бизнисмени.
Адвокатите Винод и Удит Саду му пишаа на Интерпол велејќи дека обвинувањата против Мубита Нава, заменик - полициски комесар во Замбија, укажуваат на тоа дека тој е „очигледно неподобен“ да биде идниот генерален секретар на таа организација, пишува „Гардијан“.
Нава, кој е поддржан од земјите - членки на Африканската унија, е еден од четворицата кои се најдоа во потесниот избор за позицијата лидер на Интерпол, а се очекува наскоро да биде објавено кој ќе ја преземе таа функција. рп/
Фото: МИА архива