• петок, 26 јули 2024

Камбери: Граѓаните на Берово не се доволно запознаени со работата на Комисијата за спречување и заштита од дискрмиминација

Камбери: Граѓаните на Берово не се доволно запознаени со работата на Комисијата за спречување и заштита од дискрмиминација

Берово, 21 септември 2023 (МИА) - Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денес ги запозна граѓаните на општина Берово со својата работа, а главен акцент на денешната Отворена средба со граѓаните беше ставен на размената на искуства за тоа како Комисијата постапува и како се поднесуваат преставки. Како што истакна претседaтелот на Kомисијата Исмаил Камбери, меѓу останатото целта е да се слушне и какви проблеми имаат граѓаните на Берово кога станува збор за дискриминација, односно нееднакво постапување.

-Генерално гледано идејата е да ја зголемиме свеста на Комисијата бидејки во овој регион Берово, Делчево, ако направиме споредба со некои други региони од центалниот дел, комисијата прима многу малку претставки од граѓаните. Затоа целта е да покажеме дека комисијата постои, дека работи, да ги покажеме нашите позитивни резултати и како граѓаните можат да имаат бенифит од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, рече Камбери.

Комисијата, како што додаде, има испланирано повеќе вакви отворени денови во околу 20 различни градови во државатаз средби ко се имплементирани со поддршка од други организации и  поддршка од Мисијата на OБСЕ во Скопје.

-Во овој регион граѓаните најмногу се жалат на работата и работните односи, но  ова е хипотетилчки гледано земјоделски регион. Во тој дел Собранието на РСМ иницираше измени во Законот за здраствено осигурување, а со тоа на жени земјоделки ќе им се овозможи платено породилно отсуство  но и платени други бенифиции во однос на здраствена состојба, така да бенифит би имале и жените земјоделки, тука во овој регион, рече Камбери.

Како краен резултат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација очекуваат граѓаните да бидат подобро запознаени со нивната работа, но исто така очекуваат да добијат и голем број претставки, како што тоа било пример и во останатите градови, каде по одржувањето на средбите со граѓаните Комисијата бележи зголемен број на претставки во градовите каде биле одржани вакви отворени средби. вс/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан