• сабота, 23 ноември 2024

Калас: Земјите од НАТО треба да ги зголемат трошоците за одбрана

Калас: Земјите од НАТО треба да ги зголемат трошоците за одбрана

Талин, 27 септември 2023 (МИА) - Естонската премиерка Каја Калас денеска ги покани земјите од НАТО да го следат примерот на балтичките земји и значително да ги зголемат трошоците за одбраната, јави ДПА.

Калас ја истакна сопствената земја, која следната година ќе ја зголеми оваа буџетска ставка на 3,2 отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП).

„Го охрабрувам ова и на ниво на НАТО“, изјави таа за ДПА на маргините на дводневната Годишна балтичка конференција за одбрана во главниот град на Естонија, Талин, која започна вчера.

Меѓу главните теми за кои се разговара на конференцијата е состојбата на регионалната безбедност по рускиот напад на Украина.

„Да ја погледнеме 1988 година, кога сите сојузници на НАТО потрошија повеќе од 1 отсто од својот БДП за одбрана. Зошто? Затоа што мислеа дека опасноста е сериозна. Но, сега опасноста е поголема отколку за време на Студената војна, така што војната се врати во Европа“, рече Калас.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус се очекува денеска да учествува на безбедносната конференција на која ќе го образложи идниот курс на неговата земја во безбедносната политика. 

На форумот присуствуваат претставници на балтичките републики, други земји од НАТО, а исто така и Украина. паг/

Фото: ЕПА


 

 

Остани поврзан