• вторник, 27 август 2024

И овој петок Театар Комедија продолжува со содржини од вонредната сцена

И овој петок Театар Комедија продолжува со содржини од вонредната сцена
Скопје, 20 мај 2020 (МИА) - НУ Театар Комедија и оваа седмица продолжува со своите предвидени активности од вонредната сцена. -Oвој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката. Вклучувањето во живо е закажано за в петок, со почеток во 20:30 часот од сцената во дворот на театарот. Актерите, техниката и управата се подготвуваат интезивно оваа седмица, информираат од Театар Комедија. Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите: Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели. ир/скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан