• среда, 25 декември 2024

Отворање на изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

Отворање на изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Во ликовниот салон на МАНУ вечерва во 19 часот, ќе биде отворена изложбата насловена „Барокна подморница“ на која како автори се потпишуваат Влада Урошевиќ и Марко Трпески.

Изложбата, која се најавува како своевидна пловидба низ брановите фантазија, сништа и скици занемарени при создавањето на општоприфатената реалност, ќе ја отвори Владимир Мартиновски.

-Погледната низ призмата на уметничките движења, изложбата „Барокна подморница“ е настаната како еден современ омаж на надреализмот, неслучајно сега, токму во годината во која одбележуваме 100 години од неговата појава. При создавањето на овие дигитални колажи авторите биле водени од желбата да укажат не само на сѐ уште живите и плодотворни можности на надреалистичката естетика, туку и да се обидат да ја редефинираат во ова дигитално време, ослободувајќи го духот на очудувањата од премногу тесните рамки на рационално средениот свет, наведуваат организаторите. вг/бак/

Фото: МАНУ

Остани поврзан