• петок, 18 октомври 2024

ИФРЦ: Алармантен број на неисхранети деца во Авганистан

ИФРЦ: Алармантен број на неисхранети деца во Авганистан

Женева, 17 октомври 2024 (МИА) – Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ) денеска соопшти дека во Авганистан широко распространета е акутната неисхранетост кај децата и упати апел за повеќе донации со цел да се спасат илјадници животи.

- Степенот на неисхранетост во нашата земја е запрепастувачки. Децата се целосно исцрпени, а некои прерано престанаа да растат. Многу родители им рекоа на хуманитарните работници дека немаат доволно пари да купат храна и дека веќе го продале целиот свој имот, изјави генералниот секретар на авганистанската Црвена полумесечина, Мохамад Наби Бурхан.

ИФРЦ обезбеди 500.000 швајцарски франци (580.000 долари) од програмата за итна помош. Црвената полумесечина, исто така, им помага на семејствата да подготват хранливи оброци за нивните деца. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан