• среда, 27 ноември 2024

Историски пад на францускиот БДП од 13,8 отсто во вториот квартал

Историски пад на францускиот БДП од 13,8 отсто во вториот квартал

Париз, 31 јули 2020 (МИА) - Националниот институт за статистички и економски студии – ИНСЕЕ никогаш не забележал ваков колапс на економијата - Франција забележа историски пад од 13,8 отсто од својот бруто-домашен производ (БДП) во второто тримесечие поради епидемијата на коронавирус, покажуваат податоците на ИНСЕЕ. Потрошувачката на домаќинствата, главна компонента на растот, падна за 11 отсто, јави дописникот на МИА од Париз.

ИНСЕЕ исто така го ревидираше мерењето на активноста во првиот квартал, кој падна за 5,9 отсто, а не за 5,3 отсто, како што беше претходно објавено.

Сепак, шокот е помал од очекуваниот. ИНСЕЕ предвиде пад на активност во вториот квартал од околу 17 отсто во јуни. Во детали, активноста беше намалена од потрошувачката на домаќинствата, главната компонента на растот, која падна за 11 отсто. Инвестициите паднаа за 17,8 отсто, а извозот за 25,5 отсто.

- Негативната еволуција на БДП во првата половина на 2020 година е поврзана со престанокот на „несуштинските“ активности во контекст на ограничувањата воведени во средината на март и почетокот на мај, појаснува Институтот во соопштение.

„Постепеното укинување на ограничувањата доведува до постепено продолжување на економската активност во мај и потоа во јуни, по ниската точка која беше достигната во април“, додава ИНСЕЕ.

Најголем квартален пад на БДП на Франција пред кризата со коронавирус е забележан во вториот квартал од 1968 година, под влијание на генералниот штрајк во мај, што беше проследено со враќање од + 8 отсто во текот на летото. Подемот овој пат треба да биде сè поинтензивен бидејќи опаѓањето беше необично: прогнозата на ИНСЕЕ + 19 отсто за третиот квартал, Натаксис прогнозира + 16% отсто и Банката на Франција + 14 отсто. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан