• петок, 20 декември 2024

Испратена првата пратка хуманитарна помош од Кипар за Либан

Испратена првата пратка хуманитарна помош од Кипар за Либан

Никозија, 18 октомври 2024 (МИА) – Првата пратка со лекови и потрошен материјал дел од хуманитарната помош од Република Кипар за Либан, утрово авионски била испратена од Ларнака, а втората пратка се очекува да тргне утре, објави кипарската новинска агенција ЦНА, повикувајќи се на свои извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за надворешни работи на Кипар вчера соопштија дека во соработка со Министерството за здравство ќе испратат речиси три тони лекови и потрошен материјал во Либан.

-Откако е либанските власти нè информираа за сериозните потреби на медицинскиот систем на соседната земја, одговоривме со собирање фармацевтска помош, соопштија од кипарското МНР и најавија дека денеска ќе биде пренесена во Бејрут.

Паралелно додадоа дека „Кипар ќе продолжи со своите систематски напори за поддршка на луѓето погодени од тековните услови во поширокиот регион на Блискиот Исток“.

Хуманитарната помош беше одобрена на владината седница одржана минатата седмица, кога портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис објасни дека „Министерството за здравство го разгледало барањето на Владата на Либан, придружено со соодветни каталози на производи, за обезбедување фармацевтска помош и потрошен материјал за справување со хуманитарната криза како резултат на тековната војна“. ср/ссм/

Фото: Министерство за надворешни работи на Кипар

Остани поврзан