• сабота, 27 јули 2024

Исмаил Ханија повторно избран за лидер на Хамас

Исмаил Ханија повторно избран за лидер на Хамас
Газа, 1 август 2021 (МИА) - Исмаил Ханија вторпат е избран за лидер на Хамас, палестинска исламистичка група, под чија контрола е Појасот Газа. - Братот Исмаил Ханија вторпат е избран за шеф на политичката канцеларија на движењето, изјави неименуван претставник на Хамас. Мандатот на Ханија е четири години. Тој е лидер на Хамас од 2017 година и тој ги контролираше политичките активности на Хамас за време на вооружените судири во Израел, меѓу кои и 11-дневиот конфликт во мај, при што загинаа над 260 луѓе во Појасот Газа и 13 во Израел. Ханија беше десна рака на основачот на Хамас, шеик Ахмед Јасин, кој беше убиен во 2004 година. ми/

Остани поврзан