• сабота, 25 јануари 2025

Искра Росо од Здружението СОЛЕМ од Скопје меѓу протераните активисти од Белград

Искра Росо од Здружението СОЛЕМ од Скопје меѓу протераните активисти од Белград

Скопје, 24 јануари 2025 (МИА) - Извршната директорка на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ Искра Росо е македонската државјанка и претставничка на невладиниот сектор која била приведена и протерана од српската полиција и депортирана од Србија во Северна Македонија, јавува МИА. 

Според информациите со кои располагаме, таа била спроведена од хотелот каде што престојувала во Белград без објаснување. 

Балканските медиуми пишуваат дека ноќта помеѓу 21 и 22 јануари во Белград вкупно 13 странски државјани од Хрватска, Словенија, Словачка, Северна Македонија, Албанија, Молдавија, Романија, Австрија и Чешка, биле приведени, а потоа и депортирани од Србија без објаснување. Тие биле дел од Ерсте академија за невладини организации, во организација на Ерсте фондацијата. Учесниците се приведени ноќта од хотелот во кој биле сместени во Белград без објаснување, а по неколкучасовно задржување морале веднаш да ја напуштат Србија. Притоа тие добиле и забрана од една година за влез во земјата. ев/нд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан