• сабота, 15 март 2025

Ирачкиот премиер Ал Судани соопшти дека е убиен лидерот на Исламската држава за Ирак и Сирија

Ирачкиот премиер Ал Судани соопшти дека е убиен лидерот на Исламската држава за Ирак и Сирија

Багдад, 14 март 2025 (МИА) - Лидерот на џихадистичката организација Исламска држава во Ирак и Сирија, кој „се смета за еден од најопасните терористи во Ирак и во светот воопшто“, е ликвидиран, изјави денеска ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани.

Војувајќи против милитантите на исламистичката група, заедно со воениот персонал од коалициските сили предводени од САД, ирачките безбедносни сили го убиле Маки Муслех ал-Рифаи, познат како Абу Хадиџа, рече Судани. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан