Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи пристигна во Москва
- Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи пристигна во Москва, каде ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Москва, 17 април 2025 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи пристигна во Москва, каде ќе се сретне со неговиот руски колега Сергеј Лавров.
Претходно, Арагчи рече дека главната цел на неговата посета е да му ја пренесе на рускиот претседател Владимир Путин пораката од иранскиот врховен лидер Али Хамнеи.
Се очекува в сабота САД и Иран да одржат нова рунда преговори за нуклеарната програма на Техеран. рп/
Фото: ЕПА