• сабота, 13 декември 2025

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека нема жртви во американските напади врз нуклеарните постројки

Иранската Црвена Полумесечина соопшти дека нема жртви во американските напади врз нуклеарните постројки

Техеран, 22 јуни 2025 (МИА) - Шефот на иранската Црвена полумесечина, Пир Хосеин Коливанд, изјави дека нема жртви во американските напади извршени утрово врз нуклеарни постројки на Иран.

-За среќа, немавме жртви во нападите од американската агресија врз нуклеарните постројки на Иран, рече тој, јави Иранската телевизија. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан