• понеделник, 23 декември 2024

Инфантино предлага да се наметне ограничување на трансферите на играчи

Инфантино предлага да се наметне ограничување на трансферите на играчи

Кигали, 16 март 2023 (МИА) - Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, предложи да се воведе лимит на трошоците за трансфери на фудбалерите.

 

- Треба да работиме на транспарентноста на износите на трансферите и провизиите. Можеби ќе биде неопходно да се воведе плафон (на трошење). Ќе треба да размислиме како да го дефинираме. Ќе разговараме за ова со членовите на ФИФА, рече Инфантино на 73-от конгрес во Кигали (Руанда).

Во февруари, ФИФА објави рекордна вкупна клупска потрошувачка за зимскиот преоден рок во 2023 година, од 1,57 милијарди долари.

 

Инфантино денес беше реизбран за прв човек на ФИФА. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан