• понеделник, 23 декември 2024

Интер преговара за играч од Џенова

Интер преговара за играч од Џенова

Милано, 18 април 2024 (МИА) -  Интер работи на изборот за новата сезона. „Нероазурите“ започнаа прелиминарни разговори со Џенова за Алберт Гудмундсон.

Според италијанските медиуми, сепак ќе биде тешко да се постигне договор, бидејќи цената на исландскиот репрезентативец не е ниска.

И „Тутоспорт“ тврди дека желбата на Гудмундсон е да игра во Англија, а за него е заинтересиран Тотенхем.

Сепак, тој би се согласил да се пресели во Интер доколку има добра понуда.

Тимот од Милано се надева дека нема да ја платат целата трансфер сума што ја бара Џенова, туку во зделките ќе вклучат и некои од помладите играчи, кои ќе ги испратат во другата насока.дс

Фото: Фејсбук

Остани поврзан