• сабота, 23 ноември 2024

Интернет провајдерите во Германија ќе мора да доставуваат податоци до властите

Интернет провајдерите во Германија ќе мора да доставуваат податоци до властите
Берлин, 15 јули 2020 (МИА) - Германската Влада денеска планира да усвои нацрт-закон со кој интернет провајдерите ќе бидат обврзни да соработуваат и да доставуваат податоци до властите. Провајдерите имаат централно место на интернет, обичниот корисник својот компјутер или телефон не го повзува директно на интернет, туку преку провајдер. Според нацрт-законот интернет провајдерите ќе треба да им овозможат на властите увид во податоците на корисниците. Тоа би им овозможило на властите и на тајните служби голем број можности за манипулација и шпионирање. Бидејќи кога нешифрирани пакети податоци стигнат до нив, тие можат да ги читаат, но и да ги менуваат. Провајдерите стравуваат за својат бизнис ако корисниците ги видат ако продолжена рака на власта и на тајните служби. ми/

Остани поврзан