Инзаги: Во Лигата на шампионите сите натпревари се тешки
- Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по победата над Јанг Бојс рече дека во Лигата на шампионите нема лесни натпревари.

Берн, 24 октомври 2024 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги по победата над Јанг Бојс рече дека во Лигата на шампионите нема лесни натпревари.
Интер синоќа н агостувањето во Берн славеше со 1:0 во 3. коло од елитното фудбалско натпреварување.
-Во Лигата на шампионите сите натпревари се тешки. Италијанските клубови отсекогаш имале тешки моменти на овој турнир. Не реализиравме неколку шанси во првото полувреме, но тимот веруваше до крајот и победивме, изјави Инзаги за сајтот на УЕФА.
Интер се искачи на 7. позиција во поредокот со 7 бодови. Јанг Бојс нема освоен бод и е на претпоследното (35) место. зс/
Фото: ЕПА